Во Шпанија уапсена четиричлена банда од Македонија за ограбени над 50 имоти во Мајорка

Шпанската полиција уапси четворица македонски државјани за провала и грабеж во повеќе од 50 куќи и станови во Мајорка.

Уапсените на возраст од 25, 28, 30 и 36 години се приведени во Порт д’Андрач во југозападниот дел на Мајорка, каде што изнајмиле стан, а се во притвор без можност да бидат пуштени со кауција.

Обвинети се дека користеле софистицирана техника за да ги отворат вратите на становите и куќите без да ги скршат, постапка наречена „впечаток“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.