Во Шпанија за 24 часа најмал број починати од коронавирусот во 50 дена

Најмалку 164 луѓе починале во последното деноноќие во Шпанија како последица од респираторната болест Covid-19 што ја предизвикува новиот тип коронавирус, што е најмалиот црн биланс последните седум седмици, соопшти во неделата министерството за здравство.

Овој показател е најнискиот од 18-ти мар, додека на 1-ви апрел беше забележан рекордниот број смртни исходи во 24-часовен период – 950 пацеинти.

Со ова, вкупниот број починати од почетокот на ширењето на епидемијата во Шпанија достигна до 25.264 луѓе.

Бројот на заразените пораснал за 838 луѓе за 24 часа, што, исто така, е најмалиот ваков показател во последните неколку седмици. Вкупниот број случаи откриени со тестовите PCR достигнал 217.466 пациенти. Оздравени се 118.902 пациенти, а овој показател се зголемил за 1.654 луѓе во последното деноноќие.

Шпанија е една од најпогодени земји во светот во пандемијата на коронавирусот. Од редината на март шпанските власти воведоа состојба на вонредна состојба, што овозможува ограничување на движењето на населението на територијата на целата земја.

Од 26-ти април владата воведе ублажување на рестриктивните мерки за децата под 14 година, на кои им е дозволено да излегуваат на прошетка еднаш дневно по еден час во придружба на родилите. Од саботата на возрасната популација ѝ беше дозволено да шета и да се рекреира на отворените јавни простори. Со цел да се избегне среќавањето на голем број луѓе на улиците, беа одредени временски интервали во кои населението може да оди во прошетка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.