Во шпанските домови за пензионери најдени тела на починати од коронавирусот

Припадниците на шпанската војска пронашле напуштени стари лица и неколку тела во пензионерски домови зафатени од епидемијата од новиот коронавирус, соопшти во понеделникот вечерта шпанската министерka за одбрана Маргаритa Роблес,

„Нема да имаме разбирање за ваквото постапување со штитениците и корисниците на тие домови. Војската во обиколка на некои домови можеше да види потполно напуштени старци, па и тела во постелите“, изјави министерката Роблес во текот на гостувањето на телевизијата Telecinco без да открива поединости.

Шпанското државно обвинителство најави „истрага со којашто ќе се утврди тежината на делата“.

Шпанските медиуми пишуваат дека доколку постои сомневање на короновирусот, протоколот предвидува телата на починатите да не се поместуваат до доаѓање на лекар и погребната служба. Но имајќи го предвид големиот број починати, погребниците понекогаш доцнат.

Војската е задолжена за дезинфекција на домовите за стари и немоќни лица, откако беа пријавени десетици починати во неколку вакви установи, во прв ред во Мадрид и во автономната зедница Кастиља ла Манча, во централна Шпанија.

„Домовите за стари лица се апсулутен приоритет за владата, строго ќе ги надгледуваме овие установи, ги мобилизиравме сите капацитетит“, изјави на прес-конференција министерот за здравство Салвадор Иља.

Шпанија. по Италија, е најтешко погодената од пандемијата на коронавирусот земја во Европа, со повеќе од 33.000 пријавени случаи и речиси 2.200 починати од 13-ти февруари.