Во Штип, пациенти со полесна слика за пуштаат дома, а се примаат потешки случаи со Ковид-19

Инфективното одделение во Штип веќе е исполнето со максималниот капацитет за 55 болни. Вчера во овој град беа регистрирани нови 60 ковид позитивни.

Според директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгиев, се прават напори да бидат сместени новозаразените, а веќе примените пациенти со позитивни тестови, но со полесна клиничка слика се пуштаат на домашно лекување и самоизолација за да се обезбеди кревет плус за новите потешко заболени.

Градот Штип со 868 заразени со коронавирус на 100.000 жители има најголема стапка на болни во државата.