Во Штип прогласена епидемија на жолтица

Епидемија на жолтица е прогласена во Штип.

На Инфективното одделение овој месец се хоспитализирани најмалку 20 лица, а последниве три месеци има 27 случаи на заразување со жолтица.

Поради прогласувањето на епидемија во детските градинки се прават засилени хигиенски контроли и темелни чистења на сите занимални. Од четвртокот екипите на Центарот за јавно здравје почнаа дезинфекција и во училиштата во Штип.

Причинителот на заразата сè уште не е познат, а меѓу пациентите нема никаква поврзаност и сите се од различни делови од градот.