21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Во Штип промовирано второто издание на весникот Мегафон

Во Штип денеска го промовиравме второто издание на весникот Мегафон, во кое претставивме нови идеи и вредности што ќе бидат основа за позитивните промени кои ќе ги донесеме во Македонија.

Општеството и државата можат најмногу да се менуваат кога идеите на младите луѓе се движечка сила на промените и напредокот што сакаме да го видиме и почувствуваме.

Во Македонија, младиот човек што сака да го искаже својот став и своето мислење често наидува на пречки и кочници од власта, недоволна застапеност на традиционалните медиуми, како и недостаток од иницијативи кои ќе ги промовираат младинските предлози и политики.

Како организација која се грижи сечиј глас да биде слушнат, и понатаму продолжуваме со промоција и реализација на нашиот нов проект ,,Мегафон”, списание кое промовира вредности, идеологија, патриотизам, идеи и идеали кои ќе бидат основа на идните промени во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.