Во Штип протест за подобри услови на текстилците

Неколку стотини работнички од Штип, Кочани, Пробиштип и Делчево денеска беа дел од протестот во Штип. Поголем дел од нив се на возраст од над 50 години. Штипските текстилни работнички велат дека се против зголемување на работното време, враќање на нормата, како и да се скратат празниците.

Повод за протестот се барањата на текстилните газди, меѓу кои: продолжување на работното време, укинување на празници за да нема дисконтинуитет во производството и замрзнување на придонесите.

„За нови џипови“, „За работа на секој празник“ или „За повеќе непријавени работници“ беа само дел од саркастичните пораки со кои граѓаните на протестот изразија револт за ваквите барања на текстилните газди, кои ги нарекуваат „апсурдни“.

Организаторите најавија дека по Штип, текстилните работници не само од источниот регион најавуваат и протест во Скопје.