
Седум родилки и нивните бебиња како и шестмина здравствени работници од Гинекологија и акушерство и Неонатолагија во штипската болница се во самоизолација, откако медицинска сестра е позитивна на ковид-19. Медицинската сестра во неделата била на дежурство, а в поноделникот ги развила првите симптоми, по што вчера била тестирана..
Продолжува да расте бројот на заболени текстилни работнички. Со пет потврдени случаи од денес со одлука на сопственикот е затворена уште една конфекција. По вчераниот увид епидемиолозите утврдиле дека работниците се групираат за време на паузите, а и машините во погоните не биле на соодветно растојание. Седумте конфекции кои претходно беа затворени од денес го рестартираа своето производство.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.