Во штипско пронајдени девет мигранти од Замбија

На 29.08.2021 во 16:05 часот во село Чардаклија, штипско, полициски службеници од Полициската станица Штип пронашле девет мигранти од Замбија, кои по наредба на Јавен обвинител, биле спроведени до прифатниот центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

Во врска со настанот било приведено едно лице и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.