Во силниот земјотрес во Мексико загинаа најмалку шест лица

– Во силниот земјотрес кој вчера го погоди Мексико загинаа најмалку шест лица, соопштија утрово мексиканските власти.

Земјотресот со интензитет од 7,5 степени според Рихтерова скала го погоди мексиканското крајбрежје. Епицентарот се наоѓал во државата Оахака, во близина на летувалиштето Уатулко, соопшти американскиот Геолошки институт.

Во текот на вчерашниот ден се слушнале аларми за земјотрес и во Мексико Сити, а во некои делови од градот имало прекин на електричната енергија.

Потресот се почувствувал и во Гватемала.

Издадено е и предупредување за цунами, а на луѓето им било препорачано да се оддалечат од брегот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.