Во силното невреме на Халкидики, неофицијално, тројца мртви-нема информации дали настрадале наши туристи

Нема потврда дека три лица ги загубиле животите во силното невреме што попладнево го погоди Халкидики, објави ЕРТ во централниот дневник. Засега е потврдена веста за смртта на 54 годишна жена која загинала откако врз неа паднал покривот кој се урнал.

Силното торнадо го погоди првиот и на вториот крак на Халкидики – Касандра и Ситонија носејќи се пред себе. Оштетени се домови и продавници и уништени се многу земјоделски култури.

Засега нема информации дали наши туристи се повредени или настрадани во големото невреме во Грција.

Штети се забележани и во Ираклија, која била зафатена од поројни дождови и град, како и во местото Муданија и околните области. Забележано е дека торнадото било со најсилен интензитет во местото Никити.

Хараламбос Стергијадис, директор за цивилна заштита, вели дека невремето најголеми штети предизвикало на плажите во местото Никити. Голем број на области се без електрична енергија. Екипите за брза помош и противпожарна се на местото на најпогодените места.

Градоначалникот на Неа Проронтида, Манолис Карас, соопшти дека неколку области во неговата општина останале без струја, а службите со тешка механизација се обидуват да ги расчистат патишта што се блокирани од паднатите дрвја.

На неколку места избувнаа пожари, а во местото Ламја истовремено избувнале  големи пожари што предизвикало паника кај населението, а противпожарните екипи ги евакуираат луѓето. На противпожарната служба им помагаат 11 возила и полицијата, но и дел од туристите. На самото место беше и гувернерот на Стереа Елада, Костас Бакојани.