Во синоќешната сообраќајка на Партизанска, повредени 3 лица

Три лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која синоќа се случи на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на бензиската Окта.

Неофицијално причина за несреќата е неприспособена брзина на движење. Според очевидци во несреќата учествувал уште еден автомобил „Јагуар“ кој избегал, но по дадените изјави на присутните автомобилот и лицето кое го управувало се пронајдени од полициските екипи и вратени на местото на несреќата.

Од полицијата денес информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Јагуар“ управуван од Б.М. (21) од скопско Сарај, „Ауди А3“ управувано од 39 годишната В.С. од Скопје и „Ауди А1“ кое го возела 37 годишната скопјанка З.К.

Повредени се возачите на Јагуарот и на Аудито А3, како и сопатничката А.А. од овој автомобил кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во ГОБ „8 Септември“ каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

За информацијата за другиот автомобил што учествувал во несреќата се уште нема потврда од полицијата. Очевидци на несреќата велат дека не е исклучена можноста возачите на двата автомобили „Јагуар“ да се тркале.