Останки на најмалку 115 луѓе кои биле жртви на масовните масакри на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (ИД) се откриени во масовна гробница во близина на селото ел-Вави, 25 километри од градот Рака, во истоимената сириска покраина, пренесува службената новинска агенција SANA.
Според агенцијата, сите тела се пренесени во воената болница за судско-медицинска експертиза и идентификување на жртвите.
На седум километри југоисточно од ел-Вавиу, во областа Денси-Афнан локалните жители во петокот откриле уште една масовната гробница, кај којашто во моментов работат воено медицинските служби. Според досега утврденото, меѓу жртвите има и сириски војници и цивили.
Рака беше едно од главните упоришта на Исламската држава и престолнина во Сирија на нејзиниот самопрогласен калифат на сириските и ирачките територии кои ги контролираше до летото 2014 година. Арапско-курдската коалиција Слободни демократски сили (FDS) со помош на американските сили ја заземаа рака од Исламската држава на 17-то октомври, но официјален Дамаск ги обвинува САД дека влијаеле за постигнување на договор меѓу сириската опозиција и џихадистите по што ги дислоцирале со хеликоптери и автобуси борците на Исламската држава во други области на Сирија каде што ги подготвуваат и увежбуваат за дестабилизирање на ситуацијата во земјата.