12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

(ВИДЕО) Војската на САД со дронови го убила вториот најмоќен човек во Иран

Вашингтон и Техерен се многу блиску до нова војна. Белата куќа соопштила дека американскиот претседател Доналд Трамп го наредил воздушниот напад со дронови во кој во раните утрински часови  е убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Генералот Сулејмани кој ги водел иранските воени операции во Ирак и Сирија загинал додека локалните сојузници го возеле од аеродромот кон Багдад. Во нападот со дронови на американската војска исто така е убиен и заменик шефот на ПМУ Абу Мајхди ал Мухадес, близок соработник на Сулејмани кој важеше за вториот најмоќен човек во Иран.

-Генерал Сулејмани активно ги развивал плановите за напади на американските дипломати и припадници на службите во Ирак и поширокиот регион. Овој удар имал за цел да ги прекине иранските планови за напад. САД ќе продолжат да ги превземаат сите неопходни мерки за да го заштитат нашиот народ и нашите интереси, каде било и да се наоѓаат во светот, стои во соопштението на Пентагон издадено по нападот.

Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, го нарече денешниот американски напад во Багдад „акт на меѓународен тероризам“, објавувајќи дека САД „ја сносат одговорноста за сите последици од својот одметнат авантуризам“.