Во складишта на џихадистите во Сирија најдено најново вооружување на НАТО

Во магацини кои ги користела ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава во сирскиот град Мајадин пронајдени се најновите примероци од вооружувањето на НАТО, изјави во вторникот генералот на сириската армија Хасан Сухејл, додавајќи дека станува збор за најголемиот арсенал на џихадистите кој го заплениле сириските војнции со помош на руската воена авијација.

„Ни беа потребни повеќе од шест дена за да ги изнесеме сиве овие трофеи, коишто милинтатите на Исламската држава ги оставиле бегајќи. Тука има извонредно многу оружје и разни уреди за комуникација од странско производство“, вели генералот Сухејл, пренесува агенцијата РИА.

Мајадин бил логистички центар со добро организиран систем од магацини и работилници. По неговото ослободување од рацете на џихадистите во плен на сириските војници дојдоа помали стрелечки и противтенковски оружја, артилериски системи и проектили, импровизирани експлозивни направи, како и тенкови и оклопни возила, до коишто во почетокот на својата ненадејна офанзива во летото 2014 година, Исламската држава успеа да дојде при распадот на ирачката армија.

Војнциите на новинарите присутни во Мајадин им го прикажале и запленетиот систем за сателитска комуникација, радарска опрема, медицинска опрема и работилница за производство на беспилотни летала со десетци готови дронови. Милитантите нив ги користеле за извидување, како и за бомбардирање.

Најголемиот дел од запленетиот арсенал на терористите се состои од оружје коешто им припаѓа на земји членки на НАТО. Посебно, во складиштето на џихадистите во Мајадин е најдена 155-милиметрска хаубица од британско производство, од 2011 година.

„Запленивме најнови примероци оружје од американско, белгиско и британско производство, кои е во составот на вооружувањето на земјите членки на НАТО“, истакнува генералот Сухејл без да коменира како тоа се нашло во посед на терористичката организација.

Мајадин се наоѓа на 40 километри југоисточно од истоимениот административен центар на покраината Деир-ез-Зор, на клучниот автопат кој го поврзува Алепо со градот Абу Кемал, на границата со Ирак. До неодмна Мајадин беше едно од најмоќните утврдувања на Исламската држава на истокот од Сирија, кој своевремено беше нарекуван и „престолнина“ на џихадистите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.