Во Скопје 134 санкционирани возачи, 11 од нив без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, вторник 10.01.2023, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.