Во Скопје 140 санкционирани возачи, 39 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.