Во Скопје 170 санкционирани возачи, 84 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкција, седум мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.