21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Во Скопје досега со новиот коронавирус се заразиле вкупно 81 лице

На територијата на Скопје досега се регистрирани 81 заболен од корона вирус, од нив дел се на Клиниката за инфективни болести, а дел во домашно лекување. Досега нема локално автохтоно жариште никаде во земјава, ниту во Скопје, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче,одговарајќи на новинарско прашање.

За точниот број на заразени по општини, Филипче најави дека дополнително ќе бидат соопштени, откако ќе се види анализата од податоците од електронската база.

Прашан како се заразиле новозаболените од Скопје, Филипче рече дека сите се во врска со веќе познати кластери на заболени за епидемиолозите.

„Досега нема локално автохтоно жариште никаде во земјава, ниту во Скопје. Нема нешто што не може да објасниме, таква работе досегеа нема,“ нагласи Филипче.

За тоа колку од заболените во Скопје се во болница, Филипче рече дека дел се на Клиниката за инфективни болести, а останатите се на домашно лекување, но дека за прецизна бројка дополнително ќе информираат.

Прашан дали решенијата за задолжителен карантин се даваат само на лица за кои е потврден вирусот или и за други, Филипче појасни, дека сите заболени се во фаза на лекување.

„Лицата кај кои е потврден корона вирус се во фаза на лекување. Дали ќе се лекуваат на Клиника или во домашни услови зависи од лекарите и манифестацијата на болеста. Во зависност од состојбата се лекуваат на Клиника или во домашно лекување. Ние тоа го преземавме од германскиот модел и сметам дека е сосема солидно така да продолжиме“, појасни Филипче.

Во однос на зголемените гужви во автобусите на ЈСП и дали ќе сугерираат нови мерки, Филипче рече дека веќе разговарале со градоначалникот и дека од утре проблемот ќе биде решен.

„Причина за ова е поместувањето на целиот возен ред со оглед на полицискиот час. Веќе се направени пресметки колку автобуси треба бидат пуштени во соодветен период. Верувам дека веќе од утре овој проблем ќе биде решен“, појасни Филипче.

Министерот Филипче повторно порача дека има сосема доволни количини на лекови и дека граѓаните треба да бидат спокојни и да не прават домашни аптеки

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.