Во Скопје казнети 143 возачи, 33 возеле брзо

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за непочитување на првенство на минување, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…