Во Скопје казнети 144 возачи, од нив 39 возеле пребрзо

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 19 мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за возење без возачка дозвола, седум за возач почетник, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.