Во Скопје казнети 186 возачи – 21 од нив возеле без дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40, 21 санкција за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 12 за непрописно престројување, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 63 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.