Во Скопје казнети 253 возачи, 110 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 110 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се девет санкции за нерегистрирани возила, четири за некористење сигуносен појас, 20 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.