Во Скопје прегазен пешак, починал на лице место

Во Скопје прегазен пешак починал на лице место, лекарите од Итната помош можеле само да констатираат смрт

На 22.07.2020 околу 08.45 часот на крстосница од ул.„Пушкинова“ со ул.„Народни херои“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(70) од Скопје, удрило во пешакот Д.К.(72) од Скопје, кој починал на местото на незгодата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено  за обдукција.