Во Скопје санкционирани 134 возачи, 17 останале без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, една мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.