Во Скопје санкционирани 138 возачи, 81 за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на саботата продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на градот Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 81 санкција, пет за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон, три за некористење на сигурносен појас, 29 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.