Во Скопје санкционирани 168 возачи, десет од нив возеле без возачка дозвола

15

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 44 прекршоци што ги чинат пешаците, четири за управување под дејство на алкохол.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 65 санкции за непрописно паркирање.

 Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.