2 C
Skopje
понеделник, ноември 30, 2020

Во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти, а вкупно се лекуваат 474

194

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Вкупно 474 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид центарот на Клниката за Неврологија, седум болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Клиниката за нефрологија, а пет во новотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 10 лица.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, од кои 9 деца и 21 возрасен.

Вкупно 474 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.