Во Скопје 11 сообраќајки, три лица потешко повредени

Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле шест лица, а во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Во текот на изминатиот ден полицијата открила 18 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината, двајца возачи се исклучени од сообраќај бидејќи возеле под дејство на алкохол, четворица поминале на црвено светло, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, додека 19 возачи возеле со неважечка сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило, отстранети се 24 возила.

Одделението за превенција заедно со „Училишната сообраќајна единица“ денеска ќе превземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на општина Центар, поточно на булеварот „Кочо Рацин“ пред ООУ Димитар Миладинов и на улицата „11 Октомври“ во непосредна близина на Градската болница.