Kако што информира денеска самостојниот инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција вчера извршила увид на сите 12 сообраќајни несреќи. Од нив четири се со последица материјална штета, а шест се со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.
Сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи заради необновување регистрација на возилото и еден возач, кој управувал патничко моторно возило без користење безбедносен појас. Санкциониран е и еден возач на мотоцикл, кој го управувал без да носи заштитен шлем, односно кацига.
Специјалното возило „пајак“ не отстранило ниту едно возило.