Во Скопје 18 сообраќајки, „пајакот“ успеал да крене 84 возила

скопје

Како што информираа од СВР – Скопје, сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, 18 кои биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило и тројца возачи почетници за прекршоци по разни основи.

Затекнати се и 67 непрописно паркирани возила и шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“, во текот на вчерашниот ден се отстранети 84 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром.

Во спортски центар „Јане Сандански“ вечер во 19 часот ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу кошаркарските клубови МЗТ Аеродром и Гран Канарија, во рамки на „Евролига“. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.