Во Скопје девет сообраќајки, пајакот отстранил 64 возила

сообраќајки

Во текот на изминатот ден сообраќајната полиција открила и санкциониракла поголем број прекршоци. Седум возачи поминале на црвено светло на семафорот, двајца се исклучени од сообраќај поради управување возило под дејство на алкохол, шест возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, а седум возачи не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Вкупно 41 непрописно биле паркирани возила.

Со помош на специјалното возило, во текот на изминатиот ден отстранети се 64 возила кои биле непрописно паркирани и во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и на моторниот сообраќај.

Во спортскиот центар „Јане Сандански“ вечарва во 20:00 часот во рамките на АББА Лигатата ќе се одигра маѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и Задар од Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.