Во Скопје исчезнат навивач на „Глазгов Ренџерс“

Шкотланѓанецот Конор Меклаклан преку Фејсбук побара помош и информации за неговиот брат кој вчера  исчезнал во центарот на Скопје, по натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Глазгов Ренџерс“.

Неговиот брат Џејмс последен пат бил виден на плоштадот, но утрово не дошол на аеродромот па групата навивачи од Шкотска заминале без него. Според Конор, телефонот на Џејмс најверојатно бил испразнет, па не можел да искомуницира со него.

Секој што има информации за Џејмс Меклаклан може да сподели информации на фејсбук профилот на Конор.