Во Скопје уапсено лице кое во еден ден изврши два вооружени грабежа

Триесет и двегодишен жител на Скопје е уапсен во саботата поради сомнение дека е изврпшител на двата вооружени грабежа од јануари годинава, сторени во ист ден во скопските населби Аеродром и Кисела вода, а во вкупен износ од околу илјада евра.

Како што соопшти во неделата Секторот за внатрешни работи Скопје, поднесена е кривична пријава против 32-годишниот Д.Ј. од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „разбојништво“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 55.950 денари.

Првиот грабеж бил извршен на 20-ти јануари, рано утрото околу 07,35 часот, кога цел на приајвениот била аптека лоцирана на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Тој откако влегол во аптеката, со закана со пиштол кон вработените влегол зад работниот пулт каде што од касата одзел пари, а потоа и на двете вработени им ги одзел мобилните телефони, по што побегнал во непознат правец.

Второто кривично дело, пак, го извршил истиот ден по речиси 12 часа, или околу 19,15 часот на улицата „Христо Татарчев“ во населбата Кисела Вода. Осомниечниот влегов во продавница, на идентичен начин како и претходно, со закана со пиштол кон вработената ѝ наредил да се тргне од пултот и да влезe во тоалетот. Откако вработената постапила како што ѝ кажал, Д.Ј. ја отворил касата, ги одзел парите, и од пултот го одзел и паричникот од продавачката во кој имало лични документи, пари, кредитни картички, здраствени картички и еден мобилен телефон.

Врз основа на издадена наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, од страна на операторите добиени се телефонски листинзи од кои е констатирано дека еден од украдените мобилни телефони го користело лице од сскопското село Грчец. Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, лицето било повикано на службен разговор во кој истиот појаснил дека мобилниот телефон го купил од лице на Бит пазар. По преземени мерки, бил утврден идентитетот на лицето од кое биле купени украдените мобилни телефони, и истиот бил повикан на службен разговор, во кој појаснил дека на 21.01.2018. година од Д.Ј. откупил два мобилни телефона.