Македонија Во Скопје во седум сообраќајки повредени 10 лица четврток, 2 февруари 2017, 09:45 Facebook Twitter WhatsApp Viber Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 30 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 13 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 29 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, а затекнати се и 62 непрописно паркирани возила. Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 67 возилa. Денеска Одделението за превенција ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци. Денеска со почеток во 17:45 часот денеска во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу Ракометниот Клуб Вардар и Нексе, Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.