Во скопски Бутел пукано во општински советник и уште едно лице

Околу 19 часот едно лице пукало со огнено оружје, односно со пиштол во кафуле во скопската населба Бутел, а неофицијално дознаваме дека цел на нападот биле општински советник и едно друго лице.

Според нашите информации, станува збор за инцидент во кафулето Султан, каде советникот на масата седел со уште едно лице. Засега нема информации за повредени или за загинати.

Полицијата го истражува настанот.