Во скопски Чаир санкционирани 94 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Чаир изречени се вкупно 94 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 санкции, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон. Изречени се осум мерки минување на затворен сигнал (црвено светло) и шест санкции за непрописно престројување.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.