Во скопско Бањани полицијата со предупредувачки куршуми во воздух за возач кој не го сопрел возилото

18

Во атарот на скопско Бањани утрово во 01.10 часот полицијата откако забележала комбе натоварено со дрва преземала мерки за негово запирање, но возачот не го сопрел возилото, удрил во полициското возило, по што полицајците испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници откако забележале комбе натоварено со дрва превземале мерки и активности за запирање на возилото.

– Возачот на даден знак не го сопрел возилото заради контрола туку истото продолжило со движење. Во еден момент службено возило на полицијата било удрено од возило „сеат“ а полициските службеници излегле од возилото и испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух со цел сопирање на возилото, се појаснува во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.