Во скопско Танушевци уапсени три лица со 40 пакети петарди

Три лица се уапсени во скопско Танушевци. Лицата се товарат дека со две возила превезувале 40 пакети петарди.

Како што инфомира МВР, вчера околу 11,00 часот село Танушевци-Скопје, на местот викано „Компириште“, од  страна на полициски службеници „Алфа“, лишени од слобода се Љ.М.(21), А.Р.(24) и А.Љ.(19) поради тоа што со автомобили „Алфа Ромео“ со скопски регистарки ознаки и „Шаран“ исто така со скопски регистарски ознаки пренесувале 40 пакети петарди и останати пиротехнички средства.

Истите се приведени за понатамошна постапка.