Во следниве две недели сите пријавени ќе добијат термин за вакцинирање, вели Филипче

За време од две недели, почнувајќи од понеделник, сите граѓани коишто се пријавиле за вакцина ќе добијат термин за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

Како што додаде тој, приоритет во доделувањето на термините ќе имаат повозрасните граѓани.

„Без разлика кога се пријавиле, почнувајќи од понеделник, односно вторник, по системот највозрасни, па помлади граѓани, сите ќе добијат термин во период од следните две недели“, рече министерот Филипче.