Во Словачка, Чешка и Унгарија рекордни бројки на зарази со коронавирусот

Словачка во саботата забележа 226 нови случаи на коронавирусот, што е најголем број заразени во еден ден од почетокот на епидемијата во земјата, а рекорди завележаа и незјините соседки Чешка и Унгарија.

Остриот раст во Словачка следеше по рекордните зголемувања на заразит и во земјите во регионот по летните одмори и враќањето на учениците во училиштата. Властите се обидуваат да избегнат големи затворање како она на почетокот од пандемијата кое ги девастираше националните економии.

Чешка во саботата извести за 798 случаи, што е најголем дневен раст од почетокот на епидемијата. Унгарија, исто така, бележи рекорд со 510 нови зарази.

Смртноста од коронавирусот во Словачка и натаму е меѓу најниските во Европа. Починале 37 лица, а вкупно во земјата се заразени досега 4.526 лица.

Словачка успеа да го сузбие ширењето на вирусот во мај и јуни, кога главно беа бележени едноцифрени бројки на коронаинфекции на дневно ниво.

Но неколкупати од август имаше над 100 зарази дневно. Претходниот рекорд од 137 заразени беше регистриран на 3-ти септември.

Како одговор на здравствената криза, властите во Братислава ги заостри мерките поврзани со носењето маски и собирите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.