Во Словенија 14 нови зарази и еден смртен исход

Во Словенија во последните 24 часа од 918 тестирања потврдени се 14 нови случаи на зараза со коронавируст, а по подлго време забележана е уште една жртва на Covid-19, соопшти во саботата словенечката влада.

Бројот на новозаразените е помал во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 19 случаи.

Во моментов поради Covid-19 во словенечките болници се хоспитализирани 19 пациенти, од кои четворица се на интензивно лекување, а во петокот биле отпуштени четворица оздравени пациенти, според податоците на министерството за здравство.

Со последните случаи, бројот на вкупно потврдените случаи на зараза во земјата од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.066, од кои починаа 116 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.