Во Словенија 23 новозаразени, без нови смртни случаи

Словенија во последните 24 часа на коронавирусот биле тестирани 1.325 лица, со кои инфекцијата е потврдена кај 23 луѓе, објави во вторникот словенечката влада.

Портпаролот на владата во текот на епидемијата, Јелко Кацин, изјави утринава за медиумите дека неофицијално до понеделникот доцна ноќта се потврдени 19 нови зарази, но дека вкупниот број зарази во последните 24 часа веројатно ќе биде малку поголем.

Најмногу нови зарази се последните 24 часа се потврдени во Церкница – пет, и во Марибор – четири, а по два случаи се регистрирани во општините Совенска и во Илирска Бистрица, како и Постојна, а во другите општини е откриен по еден случај.

Со новите 23 случаи на заразата вкупниот број коронаинфекции од почетокот на епидемијата во Словенија се зголеми на 1.739, а бројот на активните случаи се зголемил за десет и во поментов изнесува 205.

Во последните 24 часа не е потврден нов смртен случај како последица на Covid-19, па бројот на полинатите останува на претходните 111 лица.

За состојбата со коронавирусот во Словенија и мерките кои владата за тоа ги дискутирала на синиќешната седница ќе се дискутира пошироко со епидемиолозите од словенечкиот Инстити за јавно здравство (NIJZ) на конференција подоцна во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.