Во Словенија 341 заразен со коронавирус, 21 дете

Во Словенија до петокот во 14 часот е потврден 341 сличај на зараза со коронавирус, откако во меѓувреме се потврдени 22 нови случаи на инфекција во однос на вчерашниот ден, објави во петокот словенечкиот Институт за јавно здравје.

Според информациите на Институтот, досега се спроведени 10,980 тестирања на коронавирусот Covid-19.

Потврдено е дека меѓу заразените има 21 дете, а позитивен на коронавирусот е и еден заменик на мариборскиот градоначалник, јавуваат медиумите.

Словенија, според оцените на епидемиолозите, во моментов се наоѓа во раната фаза од епидемијата коај е прогласена минатата седмица, па бројот на оние коишто наскоро ќе треба да бидат хоспитализирани ќе се зголеми во следните денови.

Од денеска на сила се најсторгите мерки за самоизолација и избегнување на социјалните контактим, за да се ограничи пирењето на вирусот. Забранети се излегување и собирање на луѓе на јавни површини и простории, а прекршителите парично ќе се казнуваат.

Од овие одредби изземени се членови на исто семејство или на домаќинства доколку се придржуваат на пропишаното растојание кое ја намалува можноста од зараза, како и службени лица, како од војската, полциијта, службата за цивилна заштита и службите за поддрпшка кои работата на сузбивањето на епидемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.