Во Словенија без ковид-потврда нема ни гориво, исклучок меѓународниот транспорт

Првиот ден од примената на запстроните противепидемиолошки мерки во Словенија во средата минува со повремени негодувања на невакцинираните но без инциденти, а најмногу незадоволство има меѓу возачите кои без ковид-потврда не можат да наточат гориво во своето возило.

Повеќето дистрибутери, меѓу нив и љубљански „Petrol“ кој има најголем број бензиски црпки и речиси 60-процетен пазарен удел во трговијата со нафтени деривати, ригоризно се применуваат правилата од PCT условите (оздавени, вакцинирани, тестирани), кои владата ги донесе во саботата, што начли дека пумпите за полнење гориво се активираат дури кога возачот со документи ќе докаќе дека оздравел од Covid-19, дека е вакциниран или има негативен тест на короанвирусот не постар од 48 часа.

Како што пренесува словенчките медиуми, на црпките поради таквата постапка ден пред воведувањето на новите мерки прометот бил зголемен, но работниците на пупите велат дека немало застој и дека не е точно дека имало многу случаи на полнење горива во канистри, за да се обезбедат додека траат рестрикциите.

Единствениот инцидент поврзан со новите правила за точењето горива, се случил во средата утрото во Брежице, каде што возач незадовелен од објаснувањето дека без ковид-потврда не може да добие гориво од протест го заклучил возилото на местото и ги блокирал другите, поради што била повикана полиција а возилото го однел „пајакот“.

Владата на ден пред примената на новите прописи за задолжителниот PCT услов ги иззема возачите во меѓународниот транспорт, па тие можат и натаму да добијат горива без поголеми ограничувања, освен што при плаќањето во внатрешноста на бензинската станица да носат маска.

Правилото за задолжителниот PCT услов, со ретко исклучоци, за низа дејности и стопански активности, како и за вработените така и за корисниците на услугите, владата на Јанез Јанша го доенсе поради влошената епидемиолошката ситуација, а не е исклучено дека ќе бидат воведени и дополнителни рестрикции доколку бројот на вакцинираните брзо не се зоголеми, а бројот на новозаразените и хоспитализираните продолжи да расте со досегашното темпо.

Во последните два дена во Словенија се потврдени речиси 2.000 нови зарази со коронавиусот. Во последните 24 часа имало 1.364 новозаразени, или секој петти тестиран бил позитивен, додека ден претходно секој четврти тестиран беше позитивен.

Од последиците на коронавирусната болест починале уште 6 пациенти, бројот на хоспитализираните и натаму се зголемува и сега гиима 347 од кои 75 на одделите за интезивна грижа, објави владата која за можните нови мерки повторно ќе дискутира во четврток.