Во Словенија девет новозаразени и еден починат од коронавирусот

Во Словенија во последните 24 часа со 890 направени тестови потврдени се девет нови случаи на зараза со коронавирусот, а еден пациент починал како последица на Covid-19, објави во вторникот тамошната влада.

Последниот показател за коронаинфекциите е поголем од претходниот ден, кога од само 272 тестирања беше потврден само еден случај на коронавирус, но имаше и два смртни исхода.

Во моментов во словенчките болници се хоспитализирани 22 пациенти, од кои двајца се на одделите за интензивна нега, а активни се 213 случа на заразата.

По повеќе денови без нови потврден случаи на заразата, во последните 24 часа во општината Храстник, едно од жариштата на епидемијата, се забележани три нови случаи во тамошниот дом за згрижување стари и немоќни лица.

Од почетокот на епидемијата во Словенија во февруари, потврдени се 2.190 зарази со коронавирусот, а 123 од заболените починаа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.