Во Словенија еден нов случај на зараза со коронавирусот

72

Во Словенија во последните 24 часа со 211 направени тестови потврден е еден нов случај на зараза со коронавирусот, но нема смртни случаи меѓу заболените, соопшто во понеделникот тамошната влада.

Вкупниот број лица кои од почетокот на епидемијата се заразиле со новиот коронавирус изнесува 1.496, а бројот на починатите истанува 109 лица, со 23 активни случаи на заразата во моментов. Обвјави словенечкиот национален Институт за јавно здравје.

Поради Covid-19 во понеделникот се хопситализирани седум пациенти, а меѓу нив е еден на кому му е неопходна интензивна нега, што е прв случај на тешко заболен на кој му е потреба ваква помош по повеќе седмици.

Во рамките на олабавувањето на рестриктивните мерки воведени на почеткот од епидемијата, од утрово отворени се словенечките гранични премини кон Хрватаска. На листата епидемиолошки безбедни земји Словенија ја стави и Црна Гора, додека гранцита со Италија од денеска е „отворена со либерален режим на преминувања“ кој на неа беше воведен пред 10-ти март, кгоа поради жариштетот на коронавирусот во северна Италија беше затворена.

Отворањето на внатрешните „шенгенски“ граници симболично во утринските часови со меѓусебна средаба и прегратка на самата гранична линија ги одбележаа Клемен Миклавчич и Родолфо Зиберна, фрадоначалниците на италијанска Гориција и словенечка Нова Горица, речиси споени градови, на местото каде што во 2004 година влегувањето на Словенија во Европската унија го поздрави тогашниот претседател на Европската комисја, Романо Проди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.