Во Словенија епидемијата повторно во пораст, се предлагаат нови мерки

43

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 4.276 нови зарази со коронавирусот со 17 починати меѓу заболените од Covid-19, објави во средата Националниот институт за јавно здраве (NIJZ), а епидемиолозите состојбата ја оценуваат како сѐ полоша и сметаат дека се потребни мерки.

Со 10.046 тестирање се потврдени 4.276 коронаинфекции, односно позитивни биле 42,6 отосто од тестовите, според податоците на NIJZ. Со тоа уделот на позитивените е помал од претходниот ден кога позитивен бил секој втор тест, но ситуацијата и натаму е многу сериозна, а врвот на ширењето на заразата во овој бран се очекува кон средината на следната седмица.

Хоспитализациите, според прогнозите, исто така, и натаму ќе растат, предупредуваат епидемиолозите кои најавија дека подоцна во средата ќе ѝ предложат на владата нови мерки.

Седумдневниот просек на заразите според податоците се зголемил на 3.270 случаи, а висока е и 14-дневната инциденца и изнесува 2.195 зарази на 100.000 жители, а вкупниот број вакцинирани и покрај малку зголемениот интерес последните денови не е минал 53,7 отсто.

Од почетокот на ноември досега од последиците предизвикани од Covid-19 починале 230 пациенти, а од почетокот на епидемијата во Словенија починале 4.975 луѓе, според податоците на министерството за здравство.

Меѓу предлозите се дополнителните рестрикции за услужните дејности, наставата на факултетите преку интернет, освен вежбите, а и препорака за работодавачите што повеќе нивни вработени да работат од дома кога тоа е возможно, потврдила за медиумите инфектологот Матеја Логар која го води владиониот тим за Covid-19.

Словенечките болници и натаму се на самиот раб од можните капацитето за ковид-пациентите. Потврдено е дека помош од една своја медицинска екипа на болницата во Шепетер ѝ понудила Италија, каде што епидемиолошката ситуација е доста подобра, но од министерството за здравство велат дека сѐ уште не е ништо договорено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.