Во Словенија над 12.000 новозаразени, нов протокол за тестирање

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени повеќе од дванаесет илјади нови зарази со коронавирусот, што е нова рекордна бројка на дневните коронаинфекции од почетокот на епидемијата во земјата.

Словенечките медиуми наведуваат дека вистинската бројка на коронаинфекциите во средата веројатно ќе биде и поголема, бидејќи повеќе од илјада примероци за PCR тестови остануваат необработени поради ограничените лабораториски капацитети.

Според сѐ уште неофицијалните податоци кои претпладнето ги пренесуваат медиумите, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 12.019 случаи на зараза со коронавирусот, што е нов дневен рекорд на новозаразени и голем раст во однос на епидемиолошката состојба пред седум дена кога имаше потврдени 7.433 инфекции.

Дека бројката на дневни инфекции „надмина дванаесет илјади“ потврди и на својот акаунт на Twitter и премиерот Јанез Јанша.

Дел од PCR тестовите, меѓутоа, последните денови остануваат необработени, па бројката веројатно е и поголема, наведуваат медимите.

Како што изјави за Словенечката телевизиај државниот секретар во министерството за здравство Франц Виндишар, се бараат дополнителни капацитети „во Словенија и во странство“, за до крајот на овој бран на епидемијата се обезбедат доволно PCR тестови и новно обработување и тоа за сите на коишто „тестовите навистина им се потребни“.

Државниот секретар Виндишар оценува дека пикот на сегашниот бран е предизвикан од омикрон варијантата на коронавирусот може да се очеквуа следната седмица, додека бројот на хоспитализациите да растат до средината на февраури.

Според процените на некои сливенечки медиуми поради скокот на зголемувањето на коронаинфекции неопбработуваат остануваат околу 5.000 PCR тестови, а за таа ситуација да биде надмината од средата на сила е и новиот протокол за тестирање.

Според овој протокол, поради големиот раст на бројот на зарзените PCR тестовите ќе се користат само за дополнително потврдување на позитивните брзи антигенски тестови, освен доколку станува збор за лица од ризичните групи, со што за една третина од тестирањата ќе се растовари здравствениот систем и лабораториите.

Од денеска во Словенија на сила е и нов протокол за карантинот. Според него, во домашен карантин по ризичниот конаткт нема да се упатуваат вработените во здравството, социјалната нега и образованието, но по ризичен контакт седум дена секојдневно ќе мора да се тестираат со брзи антигенски тестови, а на работното место ќе се користат поефикасните заштитни маски од типот FFP2.

Исто така, цели класови во основните и средните улилишта повеќе нема да се „затвораат“ по еден едиснтвен случај на коронаинфекција, туку кога бројката на заразените ќе мине 30 отсто од учениците во еден клас.

Одлуките ги донесе словенечката влада на препорака на стручната група, за да може полесно да продолжи работата во виталните дејнсоти во коишто поради ризични контакти и крантин сѐ потешко може нормално да фунцкионираат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.