Во Словенија над 800 новозаразени од коронавирусот, на сила стапуваат новите мерки

433

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 834 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, речиси стотина повеќе од ден претходно кога имаше 745 случаи, а починале четири лица, соопшти во петокот словенечката влада.

Со последните случаи вкупниот број коронаинфекции во Словенија од почетокот на епидемијата се зголеми на 11.517, а во моментов активни се 5.413 сличаи. Се зголемува и бројот на хоспитализираните пациенти, па според најновите податоци ги има 242, од кои 45 се на интензивно лекување, а вкупниот број починати се искачи на 180 луѓе.

По новиот неславен рекорд според бројот на заразените поради што владата размислува за повторно прогласување на состојба на епидемија, од денеска на сила се новите остри мерки кои ги донесе владата. Мерките, меѓу другото, вклучуваат делумно „заклучување“ на 7 од 12-те статистички региони во кои живеат повеќе од половината од вкупното словенечко население, вклучително и централниот регион чиј центар е главниот град Љубљана.

Станува збор за ткн „црвени зони“ во кои има повеќе од 140 заразени на 100.000 жители во последните 14 денови. Во нив на сила е одлуката за забрана за излегување од тие зони, освен во 11 случаи на исклучоци, слично на режимот од пролетта во првиот бран на епидемијата, а се однесуваат на одење и враќање од работа, одење во здравствена установа или аптека и слични неопходни случаи.

Во овие зони на сила е и целосната забрана на собирање поголем број луѓе на јавни места и во затворени простори, носењето маски е задолжително и на отворено, а затворени на најмалку 14 дена ќе бидат угостителските локали и фитнес центрите. Од друга стана, пак, жителите на овие региони може да преминуваат во другите „портокалови“ зони и во случај на транзит кон странство.

Владата објави дека и некои во моментов „портокалови“ покраини се на работ од влегувањето во „црвено“, а секоја седмица листата на овие зони ќе се прилагодува на моменталната епидемиолошка ситуација, зависно од тоа дали состојбата се подобрува или влошува.

На национално ниво од понеделник на сила е одлуката според која образовниот процес во целата држава ќе се одвива онлајн, освен за првите пет одделенија од оновното образование, а нормално и натаму ќе работат детските градинки.

Словенечкиот парламент во четвртокот ноќта по предлог од владата го прифати и новиот законски пакет со кој се продолжуваат мерките за субвенционирање на работните места и оддржување на социјалната стабилнсот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.